По неодамнешниот развод од Џенифер Лопез, Бен Афлек сега наводно се интересира за познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се разведе по 17 години брак.
„Тој е заинтересиран за неа речиси 20 години“
Извори за странските медиуми изјавија дека актерот долго време бил вљубен во Алба. „Добро чувана тајна е дека пред многу години Бен Афлек бил вљубен во Џесика Алба“, рекоа тие и додадоа: „Тој е заинтересиран за неа речиси 20 години. Сепак, нивните патишта никогаш не се вкрстија. Сè досега. Тие имаат силна поврзаност и секогаш кога поминувале време заедно во минатото, хемијата меѓу нив беше неоспорна“.
„Бидејќи и двајцата сега се слободни и нивните деца се пораснати, изгледа дека е совршено време нивната врска да процвета“, заклучи изворот.
Разделбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек се поврзува и со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди Јуниор, но таа гласина набрзо беше демантирана.
Џесика Алба потврди дека се разведува
Исто така, во средината на јануари, Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак. Една недела откако се појавија информации за нивната разделба и можен развод, актерката ја потврди веста на социјалните мрежи.
„Со години бев на патување за себеоткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш“, ја започна својата објава на Инстаграм.
„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, рече таа.