Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли стана тема на светската јавност, поточно, на манекенскиот свет.
Имено таа се врати на модната писта по пауза од 10 години, а малку е да се каже дека воопшто не се сменила.
Исто така познатата убавица неодамна објави компилација од фотографии на својот Инстаграм, на кои ја покажа својата завидна фигура – и тоа по две породувања.
Како што може да се забележи на фотографиите, Роузи позираше во фитнес комплет, а нејзината витка линија беше во преден план. Нејзините стомачни мускули беа особено видливи, а манекенката гордо позираше пред објективот на камерата.
Ниту фановите на познатата манекенка не останаа „имуни“ на оваа сцени, а имаа само едно да и порачаат – дека е прекрасна!
Потсетуваме, актерот Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон-Вајтли се во романтична врска од 2016 година. Имаат две деца – син и ќерка, а нивниот брачен статус е непознат.
Во јануари 2016 година, манекенката гордо го покажа својот масивен, дијамантски свршенички прстен на црвениот килим на доделувањето на Златните глобуси, но до ден денес не е познато дали се венчале.