[ВИДЕО] Неделно заработува речиси 3 просечни, македонски плати: Има 23 години и работи по 10 часа без слободни денови – Во „рацете“ има занает злато вреден

Точка

04/02/2025

14:01

3.987

Големина на фонт

а а а

Елизабет е 23-годишна девојка од Детроит која работи како заварувач и редовно споделува снимки од своето работно место на социјалните мрежи, и на тој начин ги руши предрасудите за жените кои се занимаваат со занает кој вообичаено се смета за машка работа.

Како припадничка на генерацијата З, таа се вработила како заварувач пред две години, откако завршила средно училиште и завршила курс специјализиран за млади жени кои сакаат да се занимаваат со оваа професија.


Нејзините снимки на ТикТок привлекуваат големо внимание, а луѓето често се вчудовидени кога ќе дознаат колку заработува за само една недела.

Неделно заработува 2.000 евра

Елизабет живее во камп со своето момче, а и двајцата работат по 10 часа дневно, седум дена во неделата, што значи дека немаат слободни денови.

Во една прилика таа им се пофалила на следбениците дека за една недела заработува 2.000 евра.

„Никој од моите врсници не заработува толку пари како нас“, рече Елизабет.

Меѓутоа, свесна е дека нема да може уште долго да продолжи со оваа работа.


Сепак, Елизабет моментално ужива во својата кариера како заварувач и секојдневно ги споделува своите искуства на ТикТок, инспирирајќи ги другите девојки да се занимаваат со овој занает.

Исто така таа се надева дека еден ден ќе отвори своја компанија и ќе вработи повеќе жени во оваа индустрија.