[ФОТО] Пејачот повторно ги загрижил сите фанови: Изгледа како да не „склопил очи“ три ноќи по ред, сите мислат дека психички пропаѓа поради оваа причина

Точка

31/01/2025

11:22

1.055

Големина на фонт

а а а

Последното појавување на Џастин Бибер предизвикало голема загриженост кај обожавателите и пријателите на неговата сопруга Хејли. Пејачот, кој сега има 30 години, бил забележан во Њујорк исцрпен, со воспалени очи, бледо лице и повлечен, облечен во преголем жолт дуксер и несоодветни беж панталони.

Упатените тврдат дека пријателите на Хејли Бибер сè повеќе се загрижени за однесувањето на Џастин Бибер, а некои од нив ја охрабруваат да го остави.

„Хејли помина низ многу од почетокот на нивниот брак, но сега е на работ.“


Извори блиски до парот тврдат дека Хејли и Џастин понекогаш поминуваат денови без да зборуваат, затоа што тој одбива да ги слуша нејзините грижи.

Фановите исто така се огласиле и на социјалните мрежи за да ја изразат својата загриженост: „Ова е срцепарателно. Тој буквално се уништува себеси пред нашите очи“, „Овој човек изгледа целосно изгубен. Се надевам дека ќе ја добие потребната помош“, „Хејли треба да се стави себеси и детето на прво место“.


Проблеми од раѓањето на детето

Парот го пречекале синот Џек Блуз во август 2024 година, но се чини дека родителството не успеало да го промени однесувањето на Џастин.

„Хејли се надеваше дека татковството ќе го промени, но тоа не се случи“, рекол изворот.

Шпекулациите за менталната состојба на Џастин се интензивирале по апсењето на неговиот некогаш близок пријател Паф Диди под обвинение за криминални активности.


„Џастин беше целосно потресен од веста и се затвори во себе“, тврди инсајдерот.

Дополнителни сомнежи предизвика и тоа што Џастин го отследил својот дедо Стивен Болдвин од Инстаграм, а недолго потоа објавил фотографија на која консумира марихуана.

Хејли и нејзиниот однос со семејството

Хејли, која претходно се соочувала со затегнати односи со своите родители, наводно сега ги држи подалеку од својот син.

„Односот со нејзините родители веќе некое време не е одличен, а уште повеќе се влоши кога таа забремени“.


Нејзиниот татко Стивен дополнително ја вознемирил Хејли кога на социјалните мрежи објавил апел за луѓето да се молат за нејзиниот брак со Џастин.

„Тоа беше последната капка. Таа му рече дека не сака тој да биде вклучен во нејзиниот живот“.

Упатените тврдат дека тензиите меѓу Хејли и Џастин ја достигнуваат кулминацијата, а пријателите на манекенката инсистираат таа да се стави себеси и нејзиниот син на прво место и конкретно Хејли да се разведе од Џастин.

„Џастин се повлекува во себе и има тешкотии во комуникацијата, што ја отежнува ситуацијата уште повеќе“.