[ФОТО] Најсекси „пензионерката“ со панделка ги прекри градите: Мамеше воздишки во Париз

Точка

31/01/2025

12:21

1.104

Големина на фонт

а а а

Алесандра Амбросио беше една од манекенките која се прошета на модната писта за време на модната недела во Париз при што ги остави сите без здив со својот неверојатен изглед.

Прославената манекенка со години ги освојува модните писти ширум светот, и честопати е предмет на медиумско внимание, пред сè поради нејзиниот изглед, но и поради одбојката на плажа која сака да ја игра, додека папараците обожуваат да ја фотографираат во такви изданија.

Сексапилната Бразилка на модната недела во Париз се прошета во две комбинации, кои беа сосема спротивни, но и двете одлично ѝ прилегаа.


Најпрво, се појави во неверојатно убав бел фустан кој наликуваше на венчаница. Фустанот ја следи линијата на телото, има спуштени раменици и многу мали циркони на долниот дел. Се шири од половината надолу и создава изглед на вистинска принцеза од бајките.



Второто појавување на Амбросио беше малку похрабро. Алесандра овој пат носеше долго црно тесно здолниште кое ги истакна сите нејзини облини и имаше бела панделка одзади, додека горниот дел во облик на панделка ги прекри само нејзините гради.


Во текот на двете појавувања манекенката носеше пунџа, и уште еднаш успеа да ни докаже зошто е една од најсексапилните жени на светот.

Инаку убавата Алесандра ужива во љубовниот живот со Бак Палмер со кој поминува многу време, а честопати нивните јавни појавувања стануваат главна тема на светските медиуми.