Лејди Гага неодамна откри дека размислува за семеен живот со нејзиниот свршеник, бизнисменот Мајкл Полански.
Во интервју за магазинот „Elle“ таа изјави дека за неа семејството е како корени од дрво.
„Расте многу, понекогаш е обезличено, понекогаш има многу вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави тоа што сте и ја дефинира вашата потреба за промени. Подготвена сум и да имам деца“, рече Гага.
Зборувајќи за нејзината работа и јавното изложување, Гага нагласи дека ќе им дозволи на нејзините деца да формираат свое мислење околу тоа.
„Би сакала моите деца да разберат дека од нив зависи нив што ќе им значи мојата уметност. Никогаш не би сакала да им го обликувам мислењето или да им кажам како да размислуваат за мене. Тоа е нешто за кое Мајкл и јас разговаравме многу, сакаме да им дозволиме на децата да бидат „свои“, рече пејачката.
Лејди Гага и Мајкл Полански ја започнаа својата врска пред Ковид-19 пандемијата, а свршувачката ја чуваа во тајност сè до филмскиот фестивал во Венеција, кога се прошетаа држејќи се за раце. Гага во таа прилика го покажа дијамантскиот свршенички прстен, а подоцна откри дека свршувачката се случила во април.
Исто така пејачката изјави дека таа и Мајкл имаат неколку идеи околу венчавката: „Зборуваме за тоа сами да отидеме во матично, а потоа да нарачаме кинеска храна. Сепак, познавајќи ме мене, тоа може да стане како циркус со еднорози“.