[ФОТО] Ги облекуваше фустаните на сестра му, а сега се појави во костум со гол грб: Жените „излудеа“ поради синот на познатата манекенка

Точка

30/01/2025

13:39

1.951

Големина на фонт

а а а

Синот на познатата манекенка Хајди Клум тргна по нејзините стапки, и го оствари своето прво појавување на модната недела во Париз.

Хенри Самуел, се појави на модната недела во Париз и тоа на ревијата на Лена Ерзиак, а по тој повод гордата мајка се пофали на Инстаграм.


Исто така и нејзината ќерка Лени е сè попопуларна млада манекенка која не престанува да изненадува со нејзините појавувања, но сега нејзиниот постар брат одлучи да стане нова манекенска ѕвезда.

Младиот манекен се прошета во црн костум, класични панталони и сако кое го истакнува струкот.


„Толку сум горда на тебе, Хенри“, напиша Хајди под снимката.

Инаку Хенри бил заинтересиран за модата уште од мали нозе, но, како што рече Хајди, секогаш живеел во свој свет и се обидувал да биде оригинален. Манекенката еднаш истакна дека тој е ист како татко му.


„Сите коишто ќе го видат велат: „О Боже, тој изгледа исто како Сил!“, а јас ги прашувам дали има нешто мое. Но сите ми велат: „За жал не, тој е ист како татко му“ рече Хајди.

Меѓутоа, се чини дека талентот за маскирање го наследил од славната мајка, па така во една прилика тој дури облекол фустан за принцези кој го позајмил од сестра му. Тогаш овој негов потег предизвика голем број реакции, но Хајди истакна дека нема ништо лошо во тоа.