Мадона го прозва Доналд Трамп: „Ја руши слободата за која со години се боревме“

Точка

30/01/2025

09:07

1.109

Големина на фонт

а а а

Мадона, која ја поддржа Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно упати критики до Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.

„Тажно е да се гледа како нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на X, додавајќи емотикон срце и ЛГБТК знаме. „Не се откажувајте од борбата“, додаде таа.

Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна расправија меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.

Трамп верува дека трансродовите лица би можеле да ја загрозат оперативната подготвеност

Потсетуваме, администрацијата на Доналд Трамп изјави дека менталната и физичката подготвеност се клучни фактори за воената ефикасност и сметаат дека вклучувањето на трансродовите лица може да ја загрози способноста за распоредување и оперативната подготвеност.


Оваа одлука означува враќање на претходните правила кои ги исклучуваа трансродовите лица од служба, додека претходната администрација им дозволи да бидат дел од војската без пречки.

Во 2017 година пејачката се соочи со проблеми поради говорот во Вашингтон

Инаку, Мадона се соочи со проблеми во 2017 година бидејќи зборуваше против Доналд Трамп. Во говорот полн со вулгарности во Вашингтон, таа рече дека Белата куќа треба да биде крената во воздух. Говорот на Мадона многумина го искритикуваа на социјалните мрежи, а некои телевизиски мрежи во тој момент дури престанаа со емитувањето. Додека полицијата наводно ги истражувала и нејзините тврдења.


Сепак, набргу потоа пејачката се обиде да се оправда и рече дека тоа го кажала метафорично. „Јас не сум насилна личност, не промовирам насилство. Важно е луѓето да го слушнат целиот мој говор, а не само една фраза извадена од контекст“, тогаш објави Мадона на Инстаграм. „Зборував метафорично“, додаде таа.

Во текот на говорот во Вашингтон, таа исто така рече дека „доброто не победи на американските избори, но доброто ќе победи на крајот“, и со низа пцости, таа повика на единство и солидарност.