Вештачката интелигенција може да спаси животи: "Samsung" ја претстави технологијата за превенција од болести

Точка

27/01/2025

21:36

2.164

Големина на фонт

а а а

Во свет каде технологијата брзо напредува, "Samsung" е на чело на дигиталната здравствена револуција. Д-р Хан Пак, виш потпретседател и директор на глобалниот здравствен тим во мобилниот оддел на "Samsung Electronics", открива како вештачката интелигенција (AI) може да биде клучна алатка за спречување на болести и подобрување на секојдневната здравствена заштита.

Преку напредни алгоритми со вештачка интелигенција и иновации во областа на сензорите, "Samsung" развива решенија кои не само што ја мерат физичката состојба на корисникот, туку предвидуваат и потенцијални здравствени проблеми, вклучително и раните знаци на дијабетес. Оваа технологија нуди холистички пристап кон здравјето, вклучувајќи анализи на спиење, физичка активност, исхрана и ментално здравје и ја отвора вратата за иднината каде што здравјето ќе се управува проактивно, наместо реактивно.

„Со повеќе од 25 години искуство во медицинското поле и сега како директор на тимот за дигитално здравје во "Samsung Electronics", поминувам многу време размислувајќи за тоа како технологијата навистина може да поттикне напредок во здравството, наместо да биде само уште една иновација. „AI ме возбудува затоа што нуди нови начини за решавање на многу здравствени проблеми во општеството со соодветно намалување на сложеноста“, вели Пак.


Тој објаснува дека како дел од своите тековни напори во областа на здравствената заштита, "Samsung" користи напредни алгоритми за вештачка интелигенција и обемна техничка експертиза за да развие решенија како "Energy Score". Оваа функција ги мери нивоата на физичка и ментална енергија преку повеќе здравствени индикатори, вклучувајќи спиење, здравје на срцето и физичка активност. Визијата на "Samsung" е да вклучи посеопфатни елементи како што се исхраната, менталното здравје и дополнителните шеми на користење на мобилниот телефон за да се обезбеди сеопфатен преглед на здравствената состојба на корисникот врз основа на вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција ветува многу кога станува збор за рана превенција на болести, благодарение на анализата на моделите и однесувањето, забележувањето аномалии, па дури и предвидувањето на потенцијалните здравствени проблеми. Целта на компанијата е да ги комбинира своите долгогодишни иновации на сензорите и лидерството со вештачка интелигенција за да ги унапреди нашите способности за превенција на болести, покрај апнеја при спиење и да се прошири во кардио-метаболички состојби.


„Конкретно, шеќерот во крвта е важна област за нас и "Samsung" работи на развој на алгоритам со сензор кој предвидува рани знаци на дијабетес – заедно со неинвазивна технологија за мерење на шеќер во крвта и интегрирано нутриционистичко советување базирано на континуирано следење на гликозата“, вели докторот.

Според д-р Пак, целта е да се поддржи проактивниот здравствен менаџмент и на тој начин да се намали здравствениот товар на поединците, семејствата и заедниците како целина.

„Цврсто верувам дека вештачката интелигенција ќе го револуционизира дигиталниот здравствен сектор и ќе го направи патот до благосостојба поедноставен за секого. Како глобален технолошки лидер, "Samsung" е уникатно позициониран да го направи ова реалност благодарение на комбинацијата на неговите технолошки иновации и растечкиот екосистем на партнери“, рече тој