НАСА потврди дека двајца нејзини астронаути ќе се вратат на земјата во капсулата „Спејс Икс”

Макфакс

29/01/2025

22:13

574

Големина на фонт

а а а

НАСА потврди дека ќе соработува со компанијата „SpaceX“ во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск за враќањето на двајцата нејзини астронаути од Меѓународната вселенска станица (ISS) на земјата, нагласувајќи дека тоа ќе се направи што е можно поскоро.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека побарал од Маск и неговата компанија да помогнат во враќањето на двајца астронаути од ISS, пренесува Ројтерс.

„Ги замолив Илон Маск и SpaceX да ги донесат двајцата храбри астронаути кои беа практично напуштени во вселената од администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден. Илон ќе замине наскоро. Се надевам дека сè ќе биде безбедно. Со среќа“, напиша Трамп социјалната мрежа Truth Social, додека Маск потврди дека добил такво барање од Трамп.

Астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, требаше да се вратат во капсулата SpaceX во август.

Тие двајца минатото лето со вселенското летало Боинг Старлајнер летаа до ISS, но наместо планираните осум дена, нивната мисија беше продолжена на речиси една година поради проблеми со системот на леталото, така што двајцата вршат научно истражување.

НАСА соопшти дека тие се во добра здравствена состојба.

Засега не се познати сите детали за тоа кога точно ќе се вратат астронаутите, пренесува Танјуг.