Алчноста на дело: Нетфликс ги зголемува цените на услугите и покрај рекордниот број корисници

Точка

24/01/2025

09:56

2.909

Големина на фонт

а а а

Нетфликс ги објави своите резултати за последниот квартал од 2024 година, кои ги надминаа и највисоките очекувања, главно благодарение на популарната серија Squid Game 2, која привлече 68 милиони гледачи во првата недела од емитувањето.

Платформата за стриминг достигна 302 милиони претплатници во последните три месеци од 2024 година, што претставува раст од 16 проценти или речиси 19 милиони нови корисници. Ова е најголемиот раст на бројот на нови корисници од глобалниот старт на компанијата.


Меѓутоа, оваа добра вест е потенцирана со најавата за ново поскапување на услугите, што нема да ги израдува корисниците. Претплатниците во САД, кои веќе искусиле два зголемувања на цените во последните три години, ќе бидат првите на удар. Стандардниот пакет со реклами ќе чини 7,99 долари, додека пакети без реклами ќе се зголемат од 15,49 на 17,99 долари. Претплатниците на премиум пакетот ќе мора да платат 24,99 долари месечно.

Наскоро се очекува и зголемување на цените во Канадa, Португалија и Аргентина, но за Европа засега нема информации кога и дали ќе се воведе поскапување.


Иако цените се зголемуваат, Нетфликс ја објави информацијата дека резултатите за последниот квартал ги надминале очекувањата, благодарение на серијата Squid Game 2. Со 68 милиони гледачи во првата недела од премиерата, серијата е на пат да стане најгледаната премиерна сезона на оригинална серија на Нетфликс досега. Исто така, филмот Carry-On ја зазема високата позиција на Топ 10 листата на најдобри филмови на сите времиња.


Со 108 милиони гледачи ширум светот, борбата Џејк Пол против Мајк Тајсон беше најгледаниот спортски настан на платформата досега, додека божиќните НФЛ натпревари во 2024 година поставија нови рекорди со 30 милиони гледачи на глобално ниво.


Нетфликс објави зголемување на приходите од 16 проценти за последните три месеци на 2024 година и двојно зголемени нето приходи во споредба со истиот период во 2023 година. Компанијата прогнозира дека нејзините приходи и оперативен профит ќе продолжат да растат во следниот квартал.