Дарко Панчев во своето стандардно обраќање за „Спорт Клуб“ направи уште една анализа на играта која ја понуди Црвена Звезда во Лигата на шампионите, сето тоа како коментар за вчерашниот исход на натпреварот против ПСВ.
Српскиот шампион доби преголема казна во првиот дел за тоа што го прикажа на теренот, но лошата игра и поставеност при прекините направи Холанѓаните да имаат предност од 0:3.
ПСВ постигна три гола по изведен корнер во период од 45 минути, па според легендарната „Кобра“, тоа е нешто кое не се памети во најелитниот европски фудбал.
– Навистина не разбирам како може да се случи такво нешто на ова ниво, нависитна не ми влегува во глава…. Необјасниво е и недозволиво е да примите три гола од корнер. Се сомневам дека се случило нешто слично во 45 минути во Лигата на шампионите, не паметам такво нешто. Корнерите го предусија и го диктираат конечниот исход на мечот.
– Почудно ми е тоа што во подготовките за натпреварот се зборуваше за ова како нивно најсилно оружје, па иако се се знаеше, на крајот заврши неславно. Тоа е голема штета, бидејќи можеше да биде многу подобро. Жалам за нереализираната шанса при резултат 0:0, жалам и што постигнавме само два гола по нивното исклучување. Ремито беше блиску и ќе беше сосема заслужено, но сега е готово. Честитки за противникот, аплаузи за голгетерот Де Јонг, одиме напред, – вели Панчев, па завршува.
– Синоќа внимателно го следев секој чекор и една работа ми падна во очи. Холанѓаните летаа по теренот кога судијата означи крај на натпреварот, тоа е доказ колку ја респектираат Звезда. Впечатокот е дека поранешниот светски и европски шампион може да биде задоволен од тоа што го демонстрираше во елитата на стариот континент, позадоволни сме од играта отколку од бодовите. Се надевам дека ќе се поправат грешките и дека наредната есен повторно ќе бидеме европска марка. Звезда има за кого да игра, има верни и страствени навивачи и заедно со нив ќе стигне до нови победи, – заклучува Дарко.