Денеска е најдепресивниот ден во годината

Точка

20/01/2025

15:16

1.348

Големина на фонт

а а а

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако нема научни докази за да го поткрепат ова тврдење, таканаречениот „Син понеделник“ стана популарна тема во медиумите, а многумина се согласуваат дека овој ден носи одредени предизвици.

Концептот на „Синиот понеделник“ го создаде британскиот психолог Клиф Арнал во 2005 година, користејќи формула која вклучува различни фактори како што се временските услови, долговите настанати за време на празниците, слабата мотивација по новогодишните одлуки и општото чувство на замор и стагнација.

„Прво од мене беше побарано да го одберам денот за кој мислам дека е најдобриот за резервирање летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервација на одмор, сеќавајќи на сето она коешто ми го кажаа илјадници луѓе за време на работата или работилниците, овие фактори укажаа на тоа „дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен“, објасни тој за Дејли Телеграф во 2013 година.


Формулата на Арнал е [W + (D – d)] x TQ / M x Na]. W претставува време, D претставува долгови, d претставува месечна плата, T претставува време од Божиќ, Q го претставува времето кога се откажавме од нашите новогодишни одлуки, M го претставува нивото на мотивација, а Na го претставува чувството дека треба да преземеме некои чекори.

Иако формулата на Арнал често е критикувана поради недостатокот на научна основа, таа укажува на комбинација од фактори кои можат да влијаат на нашето расположение.


Пократките зимски денови со мала сончева светлина, враќањето на рутината по празниците и финансиските притисоци можат да придонесат за чувство на депресија. Дополнително, јануари е месец кога многумина се чувствуваат како да не ги постигнале своите новогодишни одлуки, што може дополнително да ја намали самодовербата.

Како да го пребродите „Синиот понеделник“?

Доколку се чувствувате депресивно, важно е да запомните дека не сте сами како и дека постојат едноставни чекори кои можете да ги преземете за полесно да го пребродите овој ден.

Поминете време на свеж воздух: Прошетка или која било друга активност на отворено можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Изложеноста на природна светлина, дури и во текот на облачни денови, може позитивно да влијае на расположението.


Поврзете се со саканите: Разговорот со пријателите или семејството може да биде исклучително терапевтски. Споделувањето на чувствата и смеењето со саканите можат да го намали стресот и депресијата.

Поставете помали цели: Наместо да се фокусирате на големи обврски, изберете неколку помали задачи кои можете да ги постигнете во текот на денот. Чувството на постигнување, дури и малото, може значително да го подобри вашето расположение.


Разгалете се: Денес е вистинско време да направите нешто за себе. Без разлика дали станува збор за топла бања, читање омилена книга или гледање филм, важно е да посветите време на активности кои ве прават среќни.

Практикувајте благодарност: Одвојте неколку минути за да ги запишете работите за кои сте благодарни. Овој едноставен процес може да ви помогне да го пренасочите вашиот фокус од негативните мисли на позитивните аспекти од вашиот живот.


Вежбајте: Докажано е дека физичката активност го зголемува нивото на ендорфин, хормонот на среќата. Дури и 15 минути лесно вежбање може да направи голема разлика.