Напитокот од банана, топла вода и мед е природен еликсир за кашлица. Еве како да го подготвите...
Потребни состојки
• 400 милилитри топла вода
• 2 банани со темни дамки
• 2 лажички мед
Подготовка
Најпрво излупете ги бананите и добро изгмечете ги. Препорачливо е да користите дрвена лажица, бидејќи металните алатки може да предизвикаат промена на бојата на бананите, што влијае на нивната хранлива вредност. Испасираните банани претворете ги во кашеста маса што лесно ќе се соедини со водата. Потоа ставете ги испасираните банани во тенџере и прелијте ги со 400 милилитри топла, но не зовриена вода.
Оставете ја смесата да отстои околу 30 минути за бананите добро да ја впијат водата и да ги ослободат своите природни состојки. Овој чекор е важен бидејќи овозможува сите хранливи материи од бананите да се пренесат во течноста. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете на крајот, откако смесата ќе се излади доволно, бидејќи високите температури можат да уништат многу корисни материи што ги содржи. Медот ќе помогне да се ублажи иритацијата на грлото, да се намали кашлањето и да го зајакне имунитетот.
Како да го користите овој пијалок
Земете 100 милилитри од овој пијалок четири пати на ден. Подготвените состојки се доволни за еден ден, па најдобро е секој ден да подготвувате свеж напиток. По само неколку дена ќе забележите подобрување, бидејќи состојките почнуваат да го намалуваат кашлањето и ја смируваат иритацијата.