Манчестер Јунајтед продолжува со променливите изданија, па така новиот неуспех дојде во дуелот со Брајтон кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-1.
„Црвените ѓаволи“ во изминатиов период одиграа два одлични натпревари против Ливерпул и Арсенал на нивен терен, потоа со доста мака го совлада фенерџијата Саутемптон за да вчера претрпе пораз во својот том и одново ги разочара своите многубројни навивачи.
Јунајтед игра навистина лошо пред своите навивачи што е сериозен проблем, па капитенот Бруно Фернандеш побара од соиграчите да бидат далеку похрабри и заедно како тим да го покажат вистинскиот квалитет.
- Не може. Ја разбирам перспективата однадвор. Но, не ни е удобно да мислиме дека ова е во ред, затоа што не е. Не сум тука да губам натпревари и да бидам на позицијата во која се наоѓаме во моментов. Знам дека истото важи иа другите во соблекуваланата, а ако на некого му е удобно, тогаш не е за тука, - истакна Португалецот кој не сакаше да му даде посебно внимание на фактот дека „галебите“ стануваат нерешлива енегма за Јунајтед.
- Не ми е важно. Тоа е уште една загуба за нас. Не е важно колку пати победија против нас. Се сеќавам во минатото каде овде немаа добиено натпревар. Тоа нема да промени ништо. Не ги освоивме трите бода, им честитаме, тие направија добар натпревар и заслужено го добија натпреварот. - порача капитенот на великанот.