Антони ќе ира за Бетис, а плата ќе зема во Манчестер јунајтед

Макфакс

19/01/2025

15:53

314

Големина на фонт

а а а

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони ќе му биде позајмен на Бетис. Шпанските медиуми пишуваат дека клубовите постигнале договор.

„Мундо Депортиво“ тврди дека клубот од Севилја нема да има право да го откупи Бразилецот за кого клубот од „Олд Трафорд“ потроши повеќе од 90 милиони евра во 2022 година кога донесе од Ајакс.

Виљареал, исто така, наводно бил заинтересиран за доведување на 24-годишниот фудбалер.

Според ововј извор, „црвените ѓаволи“ ќе продолжат да плаќаат добар дел од платата на Антони, која е 200.000 фунти недеелно, а во договорот за трансфер ќе има клаузула, според која Бетис ќе плаќа пенали доколку Бразилецот не добие соодветна минутажа.

Идејата е Атони да го замени Асан Диао на таа позиција, откако 19-годишниот Сенегалец, член на шпанската младинска репрезентација, за 12 милиони евра му се приклучи на Комо.

Антони не е омилен меѓу навивачите на Јунајтед. За клубот одигра 82 натпревари и постигна 11 гола во првите две сезони, од кои пет на 44 натпревари во Премиер лигата.

Сезонава нема постигнато гол на седум натпревари во Премиер лигата, а постигна гол само против третолигашот Барнсли во Лига купот, кога Јунајтед триумфираше со 7:0.