Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров

Дерби

20/01/2025

11:51

267

Големина на фонт

а а а

Македонија со рутинска победа над Гвинеја го потврди пласманот во втората фаза на 29. Светско ракометно првенство на кое домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка.

Со учинок од една победа, едно реми и пораз одиме понатаму на шампионатот каде за противници ќе ги имаме Катар, Австрија и Франција. Наш најдобар играч во досегашниот дел дефинитивно беше капитенот Филип Кузмановски кој имаше свое „шоу“ на сите три средби, стигна до бројката од 31 гол со што влезе во историјата на Светските првенства.

Имено членот на Еурофарм Пелистер е рамо до рамо со нашиот селекторот Кирил Лазаров и Насер Ал Сад од Катар, односно само овие тројца успеале да постигна 31 гол по три одиграни средби на мундијалите.

На Лазаров тоа двапати му успеа во 2009 и 2017 година, додека Насер тоа го направи во 2005 година.