Македонија загуби од Холандија на вториот меч на СП

Дерби

17/01/2025

20:18

468

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во второто коло во групата Д загубивме од селекцијата на Холандија со 37:32. Конечниот резултат на крајот не е реална слика за борбата која низ сите 60 минути ја водевме со брзите Холанѓани кои постојани ни правеа проблеми, па од судиите од Данска добија дури двоцифрен број на пенали.

Првиот дел мина во изедначена борба до 13:13 по што следуваше серија на „лалињата“ од 4:0 која и овозможи на паузата да замине со конечна предност од 18:15.


Во вторите 30 минути се обидувавме, доаѓавме во повеќе наврати на минус два, меѓутоа противникот не дозволуваше нешто повеќе и знаеше да одговори кога е најпотребно и да ги казни нашите грешки и слабости. На крајот Холанѓаните со серија од 3-0 дојдоа и до победа од плус пет.

На овој дуел добивме два црвени картони Атанасијевиќ и Лазаревски, најдобар наш стрелец одново беше Кузмановски со девет голови.

Нареден ривал ни е селекцијата на Гвинеја против која ќе ја имаме улогата на апсолутни фаворити.