Шоу на Мари во Солт Лејк Сити, Адетокумбо испорача дабл-дабл на кам-бекот на терените

Дерби

03/03/2026

11:27

127

Големина на фонт

а а а

Шоуто на Џамал Мари во Солт Лејк Сити беше доволно за Денвер Нагетс да им се врати на победите во НБА лигата.

Клубот од Колорадо се избори за славје над Јута Џез од 128:125, триумф кој беше повеќе од потребен по поразите на три од последните четири натпревари.

Комплетната старна петорка на гостите беше двоцифрена, Мари беше лидер со 45 поени на кои придодаде 8 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки, Јокиќ му беше најголема поддршка со 22 поени, 12 скока и 5 асистенции, додека на другата страна Џорџ уфрли 36 поени.

Јанис Адетокумбо се врати на терените, но и неговото присуство не донесе позитивен резултат за Милвоки Бакс во дуелот со Бостон Селтикс.

Бакси беа разбиени пред своите гледачи со 108:81 што е уште една потврда дека се многу далеку од борбата за врвот на Истокот во оваа сезона. Адетокумбо на кам-бекот испорача дабл-дабл од 19 поени и 11 скока за 26 минути, резервистот Причард беше лидер кај победникот со 25 поени и 9 асистенции.

Резултати:

Вашингтон – Хјустон 118-123

Милвоки – Бостон 81-108

Јута – Денвер 125-128

Голден стејт – ЛА Клиперс 101-114