[ВИДЕО] Оваа тиктокерка на сопругот му наплаќа „женски данок“: „Тоа е компензација за сите мои менструации и породувања“

Точка

16/01/2025

21:53

727

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Камила до Росарио го привлече вниманието на јавноста со тврдењето дека на својот сопруг му наплаќа „женски данок“ за да ги компензира трошоците и тешкотиите низ кои поминува како жена. Секој месец сопругот и плаќа по 170 фунти или нешто повеќе од 200 евра, кои ги троши на работи како маникир и други лични потреби.

Таа верува дека мажите имаат полесен живот

Камила објаснува дека данокот е нејзиниот начин на компензација за менструациите, двете тешки бремености и двата царски резови. Идејата, тврди таа, не била нејзина, туку ѝ ја предложил токму нејзиниот сопруг. „Не можам да опишам колку ме прави среќна тоа што одам на маникир и педикир. Тоа навистина ми помага да ја пребродам таа недела на крвавење“, вели таа.


Камила смета дека мажите имаат полесен живот и дека ваквиот данок би бил праведен. Дополнително, таа сака да им даде позитивен пример на своите ќерки, покажувајќи им дека заслужуваат да се грижат за себеси.

Предизвика поделени реакции

Идејата за „женски данок“ предизвика поделени реакции. Додека некои не се воодушевени и тврдат дека тоа нема смисла и дека е претерано, истовремно многу жени се воодушевени од овој концепт.


Еден од коментарите под нејзиното видео кое сега има повеќе од 550.000 прегледи гласеше: „Зошто ова не е нормализирано? Камила заклучила дека овој данок ѝ овозможува да го живее својот живот најдобро што може, а многу жени ја поддржуваат идејата и веќе го споделуваат видеото со своите партнери.