(Прекумерно) чистење: Три причини зошто мачките се „капат“ толку темелно после секој оброк

Точка

16/01/2025

20:27

643

Големина на фонт

а а а

Добро е познато дека мачките се уредни животни, кои сериозно ја сфаќаат својата хигиена. Покрај тоа, се проценува дека просечната мачка троши педесет проценти од своето време на чешлање и чистење. Тие се толку посветени на оваа активност, што прибегнуваат кон неа дури и после секој оброк, и тоа сосема темелно.

Зошто е тоа така? Веб-страницата „To Pet Mou“ даде три одговори на тоа прашање.

1. Заштитен инстинкт


„Капењето“ после јадење не е само навика на нашите миленици – тие го практикуваат инстинктивно, за да се заштитат. Имено, нивните предци морале да се заштитат од предатори во дивината, кои потенцијално би можеле да ги привлече мирисот на вкусна храна, доколку случајно ја понесат со себе. Процесот на чистење ги отстранува остатоците од храната, а со тоа и можноста за несакана средба со опасните предатори. Нивниот инстинкт сè уште работи, иако се сосема безбедни во домашната средина.

2. Обележување на територијата

Мачките секогаш чувствуваат потреба да ја обележат својата територија и да истакнат дека тие се вистинските лидери. Ова е особено изразено кога во домаќинството има неколку домашни миленици. При чистењето зад себе го оставаат својот карактеристичен мирис кој го означува просторот. Тоа е и инстинктивно однесување, длабоко вкоренето во нив, бидејќи тие по природа се територијални животни.


3. Љубов кон чистотата

Конечно, тука е и потребата од хигиена. Мачките сакаат да бидат чисти и суви и не сакаат никакви „додатоци“ на нивното скапоцено крзно. Дури и малку храна може да им пречи.


Кога е сигнал за проблем?

Една работа што треба да ја имате на ум: ако вашата мачка се дотерува повеќе од вообичаено или лиже и грицка одредена област од телото, може да има здравствен проблем.

Прво, треба да го проверите нејзиното крзно и кожата под него за какви било траги од каснување, рани или црвенило. Дури и ако не најдете видливи промени, би било корисно да ја однесете на ветеринар и да и укажете на какви било промени во нејзиното однесување за да се исклучат медицинските проблеми, како што се алергии или болести.


Доколку се покаже дека тоа не е така, претераната грижа за чистотата може да биде знак дека мачката е под стрес, бидејќи „капењето“ е нивниот начин на опуштање.