Бајден е фотографиран како седи на перница за време на својот последен говор во Белата куќа.
Џо Бајден, американскиот претседател во заминување, се најде под жестоки критики на интернет откако беше снимен како седи на перница додека ѝ се обраќаше на нацијата за време на својот проштален говор од Белата куќа, кон крајот на неговиот мандат.
Ова го објави британскиот таблоид The Sun, кој извести дека вчерашниот говор на Бајден траел 17 минути.
Во својот говор тој предупреди на опасностите од „олигархија“ и „акумулација на неограничена моќ во рацете на богатите“.
– Денес во Америка се создава олигархија во форма на екстремно богатство, моќ и влијание, што ја загрозува нашата демократија, нашите права и слободи – рече Бајден, кој на 20 јануари официјално ќе биде заменет од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
По класичните фотографии од обраќањето, на кои се прикажани неговата сопруга Џил, синот Хантер, како и потпретседателката во заминување Камала Харис и нејзиниот сопруг, кои беа со Бајден во Овалната соба, се појавија и снимки од поинаков агол.
Токму овие фотографии предизвикаа силни напади на интернет, бидејќи се чинеше дека Бајден се обидува да ја зголеми висината на седење со перница поставена на кожна столица.
До него беше забележан и пакет марамчиња.
Некои корисници на социјалната мрежа Х тврдеа дека овие слики го означиле вистинскиот крај на неговиот понижувачки мандат.
– Последен момент на крајно понижување – напиша еден критичар.
Друг корисник рече дека Бајден изгледал како боксер кој ги загубил сите рунди.
– Ова е тажно за гледање – додаде трет.
Критичарите коментираа дека перницата и марамчињата се „комплет за прва помош“ на Бајден и тврдеа дека Трамп нема да има потреба од перница додека ѝ се обраќа на нацијата.