[ВИДЕО] Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Точка

16/01/2025

17:22

3.465

Големина на фонт

а а а

Замислете работа што ви овозможува целосна флексибилност, одлични примања и бонус за вработување од 500 до 1.000 евра. Токму тоа го нуди една компанија во Македонија која стана магнет за таленти! Единствениот услов е добро познавање на германскиот јазик.

Со можност за работа од дома и извонредни услови, Teleperformance е идеална компанија за сите што сакаат да комбинираат удобност со стабилна кариера. Добредојдени се да аплицираат кандидати од сите краеви на Македонија, а секој што ќе ја добие работата ќе зачекори на новото работно место со фанстатичен бонус за вработување од 500 до 1.000 евра. Аплицирајте уште денес нa TPSkopje.com и зачекорете во свет на нови можности!

Зошто да се одлучите за работа во Teleperformance?

Teleperformance е глобален лидер во корисничка поддршка која работи во Македонија веќе неколку години и моментално брои над 800 вработени. Она што ја издвојува компанијата е нејзината посветеност на вработените. Таа нуди атрактивни месечни примања, бонуси засновани на перформанси, но и можност за работа од дома.

Од друга страна, компанијата нуди одлични работни места кои на младите во Македонија им овозможува да работат за едни од најголемите светски брендови во светот обезбедувајќи услуги од сферата на корисничка поддршка. Само во 2024 година, во Teleperformance се вработиле над 365 вработени што говори за тоа дека оваа компанија станува магнет за вработени благодарение на условите кои ги нуди.

За Teleperformance 2024 година беше година за паметење 🤩. Заедно се смеевме, заедно пораснавме, но и заедно постигнавме многу. Ако зборувате германски 🇩🇪 и сакате да станете дел од оваа неверојатна приказна, аплицирајте на TPSkopje.com и започнете ја новата година со работа и кариера која создава задоволство ❤.

Posted by Teleperformance Skopje on Tuesday, December 24, 2024

Што значи да сте Агент за корисничка поддршка во Teleperformance?

Како Агент за корисничка поддршка, ќе имате можност да им помагате на милиони корисници ширум светот. Вашите одговорности ќе вклучуваат решавање на прашања на клиентите, обезбедување на информации за даден производ и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите преку различни канали на комуникација.

Единствениот услов за ова работно место е добро познавање на германскиот јазик, а сите останати сегменти од работата се совладуваат за време на темелната обука која ја реализира локалниот тим од искусни ментори.

Бонус за вработување од 500 до 1.000 евра

За секој нов вработен кој ќе се приклучи во Teleperformance - има и награда. Од неодамна, компанијата нуди и бонус за вработување за секој што ќе се одлучи да се вработи таму, и тоа до 500 евра доколку работите од дома и до 1.000 евра ако работите од нивната канцеларија која се наоѓа во Скопје.

Ако зборувате германски и сакате да работите за Teleperformance од канцеларија или од дома, од каде било во Македонија, аплицирајте нa TPSkopje.com и започнете ја вашата кариера во една од најголемите компании за корисничка поддршка во светот.

Комерцијален текст