Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!

Дерби

12/01/2025

09:54

1.264

Големина на фонт

а а а

Освоената титула во Суперкупот предизвика голема еуфорија меѓу играчите и навивачите на Милан, но истата брзо беше спласната вчеравечер откако „росонерите“ не успеаја да освојат три бода во Серија А.

Милан влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Калјари, но тимот кој се бори за опстанок успеа да извлече бод од „Сан Сиро“ и се врати со посакувана цел на Сардинија (1:1).

Сержо Консеисао на вчерашниот меч ги увиде сите проблеми со кои се соочуваше Пауло Фонсека во неговата кратка етапа како тренер на Милан, но португалскиот стручњак нагласи дека е посебно огорчен од лошото прво полувреме кое го одиграл неговиот тим.


– Очекував многу, многу повеќе од мојот тим во секој поглед, на секој дел од теренот. Судејќи според квалитетот кој го поседува мојот тим, првото полувреме е најлошо кое го одиграла една моја екипа во цела тренерска кариера. 13 години сум во оваа работа, и мора да бидам искрен дека ова е најлошото прво полувреме.

– Ни недостасуваше свежина, немаше живост во играта и темпото беше навистина бавно. Калјари дојде да го брани својот гол, тоа беше нивна стратегија, а ние моравме да најдеме простор да ги загрозиме. Не бевме доволно паметни во пронаоѓањето празен простор, иако тоа го поправивме во вториот дел.

– Испративме 25 шута кон голот, а потоа Калјари почна да го троши времето, што често знае да биде стратегија на противниците во Италија. Судијата требаше да продолжи повеќе, но тоа не е изговор. Изговор не треба да биде и заморот од Суперкупот. Требаше да понудиме повеќе и требаше да освоиме три бода, – изјави Консеисао.