Пеп Гвардиола пикираше неколку потенцијални засилувања во зимскиот преоден рок со цел да ја зголеми ротацијата во тимот, па откако клубот му ги доведе Хусанов и Реис, англискиот шампион сега му го обезбеди и играчот кој е сензација во Бундеслигата и кој многумина го нарекуваат новиот „египетски принц“.
Омар Мармуш го привлече вниманието на себе со своите изданија во Ајнтрахт Франкфурт и брзо се најде на радарот на неколку англиски великани, но Сити беше најбрз во потерата да го донесе во своите редови и сега го добива за 70 милиони евра.
Неполни 12 часа по кошмарната ноќ во Париз, Манчестер Сити го потврди третото големо зимско засилување, а Мармуш во новиот клуб ќе го носи дресот со број „7“ на својот грб.
Египќанецот постигна 20 голови од стартот на сезоната во сите натпреварувања на само 26 официјални настапи, но уште поимпресивен е поради фактот што знае и да ги разигрува своите соиграчи.
Мармуш комотно може да се снајде и во систем како втор напаѓач, а доказ за тоа се неговите 14 асистенции во изминатите пет месеци.
City's Egyptian Prince 🇪🇬👑 pic.twitter.com/IQU2OWr9ML
— Manchester City (@ManCity) January 23, 2025