[ВИДЕО] Камерата ги „фати“ браќата Јокиќ – Коментаторот: „Нема да се шегуваме со овие момчиња“

Точка

22/01/2025

20:01

1.690

Големина на фонт

а а а

Српскиот центар Никола Јокиќ продолжува да импресионира во НБА лигата. МВП на најсилната лига во светот во победата на Денвер над Филаделфија од 144:109 постигна нов подвиг.

Имено за само половина час, тој постигна 27 поени (шут од поле 10/15) со 13 скокови и 10 асистенции. На тој начин Јокиќ четврти натпревар по ред оствари трипл-дабл.


Постарите браќа се склони кон инциденти на натпреварите

Во таа серија Јокиќ не одигра ниту една минута во последните четвртини. Во текот на натпреварот камерата ги фати браќата на Јокиќ, Страхиња и Немања покрај ложата, што го привлече вниманието на телевизиските коментатори на натпреварот, кои на шега рекоа: „Јокиќ секако има голема заштита. Браќата се тука секоја вечер, да, тоа се тие. Нема да се шегуваме со тие момчиња. Јас дури бев загрижен и мило ми е што беа на натпреварот, наместо да гледаат на ТВ затоа што претходно можеби имав некои критики“.

Денвер Нагетс ги сместија постарите браќа на најдобриот играч во светот веднаш до ложата бидејќи претходно тие беа склони кон инциденти додека седеа веднаш до теренот. Имено Страхиња Јокиќ удрил противнички навивач, додека на друг натпревар браќата се обидоа да влезат на теренот и да се пресметаат со Девин Букер, а на гостувањето во Лос Анџелес вербално го провоцираа Џек Николсон