Луис Енрике за својата еуфорична реакција: Не ми беше лесно да го правам тоа пред Гвардиола

Дерби

23/01/2025

14:27

244

Големина на фонт

а а а

ПСЖ направи огромен пресврт и успеа да го победи Манчестер Сити со 4:2 во второто полувреме, триумф со кој направи голем исчекор кон баражот во Лигата на шампиони.

„Светците“ беа во деликатна ситуација пред стартот на дербито и изгледаше дека ќе го допрат дното по негативата од 0:2, но избраниците на Луис Енрике се погрижија за енергичен финиш на мечот, во кој успеаја да постигнат дури четири гола.

Популарниот Лучо беше мирен кога ПСЖ направи пресврт за 3:2, но кога голот на Гонсало Рамош беше признат по долга проверка на ВАР, не ги криеше емоциите за големата победа и еуфорично славеше како ретко кога.

Слична таква реакција имаше и Насер Ал Келаифи во ВИП ложата, па Луис Енрике призна дека не му било воопшто лесно да го понесат емоциите пред така добар пријател како Пеп Гвардиола.

– Да бидам искрен, почувствував олеснување по голот на Рамош кој беше признат. Бевме во деликатна ситуација и имаше голема тензија. Ми беше навистина тешко да ги славам головите пред мојот добар пријател, бидејќи знам колку е непријатно да сте во друга кожа, – изјави Енрике и додаде.

– Страдавме до крајот и се изборивме за голем резултат. После голот за 0:2, изгледаше дека мечот е решен во нивна корист, но погодокот на Дембеле не врати во игра. За среќа, на нашата страна беа и неверојатните навивачи. Никогаш не сум видел фанови на голем клуб да навиваат така за своите миленици по негатива од 0:2. Тие ни помогнаа да се вратиме во мечот, – заврши Лучо.