Семејството Халпин се вратило во опожарената семејна куќа во Алтадена, Калифорнија, каде што сè било јагленосано освен статуата на Богородицата.
Пожарот кој избувна во Итон уништи домови и бизниси во Алтадена, која се наоѓа во подножјето на планините, северно од Лос Анџелес, а кога семејството Халпин го посетило она што останало од нивниот дом, виделе само едно нешто: статуата на Богородица.
Во трогателното видео кое го објавија на нивниот профил на Инстаграм, Питер и Џеки Халпин, заедно со нивните шест деца и други членови на семејството, се гледаат како пеат среде сè уште тлеените урнатини.
„Ја предадовме нашата болка на Христос и неговата мајка“, изјави синот на Питер и Џеки, Ендрју за „KTLA 5“, додавајќи: „Му се помоливме на Исус Христос од длабочините на нашите души, а потоа запеавме“.
Ќерката, Мери Клер Меткалф, објасни дека „верата отсекогаш била темел на нивното семејство и ќе продолжи да биде додека тие се движат напред“.
Мери рече дека куќата на нејзините родители е „база“ за нивното семејство, која постојано расте бидејќи имаат 14 внуци и уште едно кое е на пат. Таа исто така додаде дека нивната сестра Џана била во куќата на нивните родители со својата двегодишна ќерка кога избувнал пожарот.
„Тие изгубија сè“, рече таа за семејната куќа.
Видеото стана вирално, а го лајкнаа многу луѓе кои сакаат да се справат со овие тешки времиња додека бројни шумски пожари беснеат низ делови од Јужна Калифорнија, а од петокот попладне, видеото доби повеќе од 50.000 лајкови.
Децата на Халпин започнаа „GoFundMe“ иницијатива за да им помогнат на своите родители и досега собраа повеќе од 73.000 долари - 13.000 долари повеќе од првичната цел, која изнесуваше 60.000 долари.
Патем, Питер и Џеки Халпин ги одгледувале своите шест деца во нивниот дом во Алтадена цели 36 години.
Пожарникарите се надеваат дека ветровите ќе престанат додека продолжуваат да се борат со шумските пожари низ Калифорнија.
Инаку во шумските пожари во Калифорнија досега загинаа најмалку 11 луѓе, а уништени се илјадници домови, додека цели населби се претворија во јагленосани урнатини.