Нов проблем за туристите во Грција! Државата забрани еден вид сместување – ова нема да му се допадне на никого!

Точка

11/01/2025

15:35

5.214

Големина на фонт

а а а

Пратениците во грчкиот парламент започнаа расправа за нацрт-закон со кој се заоструваат правилата за краткорочно изнајмување станови и куќи на туристи, забранувајќи користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.

Според новите мерки, реновираните магацини, подземни простории и поранешни индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за туристичко изнајмување, вклучително и оние што веќе се пренаменети за угостителска употреба, пренесува „Бета“.


„Просторите за изнајмување мора да бидат станбени простории со природна светлина, вентилација и климатизација,“ изјави министерката за туризам Олга Кефалојани. Таа додаде дека се воведуваат минимални стандарди за безбедност и функционалност, со цел долгорочен, одржлив и квалитетен развој на грчкиот туризам, а не само постигнување рекорди секоја година.

Законот се донесува паралелно со едногодишна забрана за нови регистрации на краткорочни изнајмувања во популарни атински населби, како Колонаки, Кукаки и Егзархија, со парична казна од 20.000 евра за прекршителите.


Краткорочното изнајмување придонесе за развој на грчката туристичка индустрија, која сочинува 13% од БДП, но истовремено доведе до зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови за локалното население.

Неколку опозициски пратеници побараа пошироки ограничувања, обвинувајќи ја владата дека ги занемарува социјалните трошоци и негативното влијание врз животната средина, што резултира со раселување на жителите од туристичките населби.

Владата се залага за балансирање на придобивките од туризмот со достапноста на становите и нуди даночни олеснувања за сопствениците што ќе се откажат од краткорочните изнајмувања.


Предлог-законот, кој поставува нови безбедносни и оперативни стандарди, се очекува да биде изгласан овој месец.

Проценките велат дека приходите од туризмот во Грција ќе достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2024 година, со 35 милиони странски туристи.

Според студија на Здружението на хотелиери, бројот на соби за краткорочен наем се изедначил со бројот на хотелски соби во 2023 година, додека во центарот на Атина речиси двојно го надминал бројот на хотелски капацитети, што предизвика зголемени барања за поригорозна регулација на платформите како Airbnb.