Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека веќе не може Србија да очекува повеќе од 1,7 милиони кубни метри гас дневно од Азербејџан.
- Уште една лоша вест утрово не погоди, добивме известување од Азербејџан, од денеска не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што ни доаѓаа секој ден. Од денеска многу посериозно ќе почнеме да ги трошиме резервите, рече Вучиќ.
„Сите што велеа „Вучиќ е луд“, сега испадна дека сме биле паметни да собереме резерви. Се надевам дека ќе го средат ова за месец-два. Покрај овие проблеми, ние сè уште не ја менуваме нашата цел да бидеме најбрзо растечка економија во Европа“, објасни тој.
Одлуката на Азербејџан доаѓа еден ден откако Соединетите држави воведоа санкции за нафтената индустрија на Србија, со барање Русија да се повлече од сопственоста на компанија „НИС“.
Висок претставник на американскиот Стејт департмент денеска изјави дека Србија нема да има никакви економски последици ако ја отстрани Русија од сопственичката енергетска структура на компанијата.
Во нафтена индустрија на Србрија, руските компании имаат повеќе од 56 отсто од акциите, а државата 29,87 отсто.