Годината зад нас – 2024 година – беше дефинитивно најтоплата година откако постојат мерењата на глобалната температура. Покрај тоа, 2024 година е и првата година во која просечната глобална температура е за 1,5 степени повисока од прединдустриското ниво. Сепак, предупредуваат експертите, иднината сè уште зависи од нас и од нашата решителна акција.
Овие податоци, кои само ги потврдија најмрачните прогнози, ги објави Центарот за климатски промени Коперник (C3S) при Европската унија.
Климатските промени предизвикани од човекот сè уште се главниот фактор за екстремните температури на воздухот и водата, но и други фактори како Ел Нињо исто така придонесоа за невообичаено високите температури, се вели во соопштението.
„Сите меѓународни податоци за глобалната температура покажуваат дека 2024 година е најтоплата година откако постојат податоците, од 1850 година. Човештвото е задолжено за сопствената судбина, но како реагираме на климатските промени треба да се заснова на докази. Иднината е во наши раце – брзата и решителна акција сè уште може да ја промени траекторијата на нашата идна клима“, изјави Карло Буонтемпо, директорот на Коперник.
Секоја година во последната деценија бе една од 10-те најтопли досега. Сега сме на прагот да го ја преминеме границата од 1,5 степени над прединдустриските нивоа, утврдени со Парискиот договор, а просекот во последните две години е веќе над тоа. Овие високи глобални температури заедно со рекордно ниво на испарување на водата во 2024 година доведоа до невидени топлотни бранови и обилни дождови и катастрофа за милиони луѓе“, зборувала Саманта Бурџис, заменик-директор на Коперник и стратешка шефица за климата на Европскиот центар за среднорочна временска прогноза.
Според Коперник, 2024 година била најтоплата година досега, од 1850 година. Просечната глобална температура била 15,1 степени, што е за 0,72 степени повисока од просекот за периодот помеѓу 1991 и 2020 година, но исто така и за 0,12 степени потопла од 2023 година, претходната најтопла година во историјата на мерење.
Секоја од последните 10 години беше една од 10-те најтопли. Новиот рекорд за највисока дневна локална температура е поставен на 22 јули 2024 година, кога температурата изнесувала 17,16 степени.
А кога станува збор за Европа, 2024 година е најтоплата година за нашиот континент.