[ВИДЕО] Објавен идентитетот на убиецот: Газдата на кафеаната и членови на неговото семејство меѓу жртвите!

Макфакс

01/01/2025

19:51

7.649

Големина на фонт

а а а

Убиени се неколку лица, меѓу кои и сопственикот на ресторанот и некои членови на неговото семејство, како и членовите на семејството на осомничениот за убиствата, рече Шарановиќ.

Денеска во попладневните часови во ресторан лицето А.М.(45) со употреба на огнено оружје им одзело животи на неколку лица. Вооружен го напуштил објектот и побегнал, соопштија претходно од УП.

Според последните информации од локалните медиуми, лицето е лоцирано и опколено, а на терен се и специјални полициски сили.

Претходно, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост од утре за трагедијата во Цетиње. Премиерот Милојко Спајиќ побара вечерва да се откажат сите настани на отворено низ државата.

„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите“ соопшти полициската управа.

„Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи.

За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, соопшти Управата на полицијата.

Беше соопштено дека најпрвин дошло до тепачка во кафеана на периферијата на Престоница, по што бараниот извадил оружје и пукал.

Радио Цетиње пишува дека неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случил денеска попладне во кафеана во Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил двајца, а потоа побегнал.

Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека во друга населба убил две деца и ранил една жена. Полицијата наведува дека се работи за А.М. од Цетиње, по што трагаат.

Објавен идентитетот на напаѓачот од Цетиње: бега од полицијата, вооружен е и опасен

Осомничениот за денешното повеќекратно убиство во Цетиње е Ацо Мартиновиќ (45) од тој град, кој се уште е во бегство.

Како што објави порталот на Радиотелевизија на Црна Гора, тој убил најмалку седум лица, од кои две деца. Неколку лица се ранети. Според неофицијални информации тој убил и одредени членови од своето семејство, пренесуваат тамошните медиуми.

[Ацо Мартиновиќ (45) - убиецот од Цетиње]

Според информациите на порталот cdm.me кој ја објави неговата фотографија, Мартиновиќ по расправија во кафуле во Цетиње убил неколку лица и побегнал со темносино комбе „фиат“.

Фотографијата потоа ја објави црногорската полиција, според написите.

Од полицијата посочуваат дека осомничениот е вооружен и опасен.

Полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да останат во своите домови, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат мерки од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и изведување на сторителот пред лицето на правдата.