Жителите на Скопје го дишат најзагадениот воздух во Европа. Според податоци на „IQAir“, Скопје утрово е меѓу првите 10 земји во светот по загаденоста на воздухот. Според листата на „IQAir“ воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост во Скопје е 203.
Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.
Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните. Ова е ставот на Врховниот суд кој утврди начелен став со кој се отвораат вратите за граѓаните да можат да ја тужат државата поради загаден воздух. Тие во иднина ќе можат да покренат постапка пред Управен суд, поради енормно загадениот воздух.
Комплетната листа на „IQAir“ можете да ја погледнете ТУКА.