Тој се ожени со братучетка, а син им стана најголемиот злосторник во историјата

Точка

03/01/2025

15:41

3.129

Големина на фонт

а а а

Алоис Хитлер, роден како Алоис Шиклгрубер на 7 јуни 1837 година во селото Стронес во Австрија, бил татко на Адолф Хитлер. Неговиот живот беше обележан со контроверзи, промени на идентитетот и комплексен однос со семејството, што остави длабоки траги врз идниот нацистички водач. Поголемиот дел од животот Алоис го поминал работејќи како цариник, а неговиот живот бил обележан со подеми и падови, особено во семејните односи.

Во потрага по идентитет

Алоис беше вонбрачно дете на Марија Шиклгрубер, а идентитетот на неговиот татко остана непознат. Дури во 1876 година, на 39-годишна возраст, Алоис го сменил презимето во Хитлер, откако Јохан Георг Хидлер, кого го сметал за можен биолошки татко, постхумно бил признат како негов татко.


Презимето „Хитлер“ беше фонетски поедноставена верзија на „Хидлер“. Оваа промена ја создаде основата за семејната линија која подоцна ќе стане позната низ целиот свет поради синот на Алоис.

Татко на девет деца

Поголемиот дел од својот професионален живот Алоис го поминал како цариник, позиција која му обезбедувала стабилен приход и одредена социјална положба. За време на неговата кариера, тој се селел низ различни делови на Австро-унгарската монархија, што значело чести промени на живеалиштето за неговото семејство.


Во приватниот живот, Алоис бил познат како авторитарна и строга личност. Бил женет три пати и имал вкупно девет деца. Неговата трета сопруга, Клара Полцл, беше мајка на Адолф Хитлер. Инаку Клара беше братучетка на Алоис и куќна помошничка во неговото домаќинство пред да се венчаат во 1885 година.


Односот со Адолф Хитлер

Односот на Алоис со Адолф бил многу сложен и, според многу историчари, обележан со малтретирање и недоразбирања. Алоис имал големи очекувања од своите деца, особено од Адолф, кого сакал да го насочи кон кариера во царинската служба. Меѓутоа, Адолф не покажувал никаков интерес за професијата на татко му и честопати бил во конфликт со неговите строги методи на воспитување.


Строгата природа на Алоис и недостатокот на емоционална блискост оставија длабоко влијание врз Адолф, што поттикна многумина на шпекулации во врска со тоа колку овие семејни односи ја обликувале личноста на Адолф и подоцнежниот животен пат.

Алоис Хитлер починал на 3 јануари 1903 година од белодробно крвавење додека седел во гостилница. Неговата смрт ја оставила Клара сама да се грижи за децата, што дополнително го искомплицирало животот на Адолф на рана возраст.


Иако Алоис не го доживеа политичкиот подем на Адолф, неговиот живот и образовните методи несомнено оставија свој белег врз идниот нацистички водач. Во „Mein Kampf“, Хитлер го опиша својот татко како строг и ладен човек кој не ги поддржувал неговите аспирации да стане уметник.