Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи инфоримраше дека поради снегот службите на локалната самоуправа делуваат на терен.
„Ноќва во 03:00 часот ме информираа дека на делови во општината има врнежи од снег по што ги задолжив екипите да излезат и да делуваат на терен. Веќе три часа во тек се активности за расчистување на снегот од улиците во планинскиот дел на општина Гази Баба. Сол и ризла се фрлени на пристапните улици до Раштак, Булачани, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци и Брњарци. Едноставно, сите утврдени кризни точки се опфатени! Безбедноста на граѓаните е наш приоритет! Кризниот штаб ќе продолжи да делува на терен се додека тоа е потребно“, напиша Стефковски.
✌️Почитувани граѓани, бидете спокојни! Службите на локалната самоуправа делуваат на терен!
❄️Ноќва во 03:00 часот ме...
Posted by Бобан Стефковски on Friday 3 January 2025