Поволната европска престолнина прогласена за најдобро место за прославување на Новата година

Точка

27/12/2024

16:24

1.725

Големина на фонт

а а а

Дочекот на Новата година е еден од најисчекуваните моменти во годината, но честопати не ги исполнува очекувањата. Минатите искуства со преполни пабови, скапи билети за настани и долги редици за пијалаци можеби ве натерале да се запрашате дали би било подобро да отпатувате некаде за да ја дочекате Новата година на поинаков начин.

Неодамна беа анализирани сите клучни елементи на дочекот, како што се бројот на барови и клубови, цената на шише вотка и оброк во Мекдоналдс, просечната цена на хотелите и популарноста на социјалните мрежи, пренесува „Travel Daily Media“.

„Иако многумина од нас ја сакаат идејата да ја дочекаат Новата година дома, славењето во друга земја може да донесе уникатно и незаборавно искуство“, рече Андраш Радо, директор за комуникации во „Wizz Air“.


„Градовите како Барселона, Будимпешта и Краков се познати по нивните енергични прослави, но „Wizz Air“ сака да ги инспирира патниците да ги истражуваат скриените новогодишни дестинации во Европа. Од спектакуларен огномет над шармантните улици на Љубљана до живописните прослави во скриените краеви на Србија, постојат безброј дестинации каде што можете да ја дочекате Новата година на навистина посебен начин“, додаде тој.


Меѓутоа Прага, главниот град на Чешка, го зазема првото место како најдобар европски град за прослава на Новата година. Позната по својот енергичен ноќен живот, готската архитектура и пристапните цени, Прага има 548 барови и клубови, најмногу во Европа, а шише пијалак во просек чини само 18 евра.


Посетителите можат да заштедат и на првиот оброк во годината, бидејќи оброкот во Мекдоналдс чини 20 отсто помалку отколку во Лондон – околу осум евра. Со преку 19 милиони хаштагови на Инстаграм, Прага е меѓу 10-те најфотографирани дестинации, совршени за создавање незаборавни спомени.

Будимпешта, главниот град на Унгарија, е на второто место меѓу европските градови за новогодишни прослави. Релаксирањето во термалните бањи Сечењи, најголемите минерални капалишта во Европа, е совршен вовед во истражувањето на историските улици и живиот ноќен живот, со 208 барови и клубови.


Оброците по забавата се со многу поволна цена, бидејќи Мекдоналдс во Будимпешта е втор најевтин во Европа – околу седум евра. Исто така љубителите на социјалните мрежи ќе уживаат во статусот на Будимпешта како десетти најпопуларен град на Инстаграм и осми најпребаруван град на Тикток.


Барселона, Шпанија, не е само летна дестинација – таа го зазема третото место меѓу најдобрите градови за дочек на Новата година. Со 453 барови и клубови и второто најевтино шише пијалак (околу 24 евра), Барселона е идеална за прослава со стил. Исто така Барселона е на третото место по хаштагови на Инстаграм и е прва во пребарувањата на Тикток.


Топ 10 дестинации за дочек на Новата година:

1. Прага, Чешка

2. Будимпешта, Унгарија

3. Барселона, Шпанија

4. Лисабон, Португалија

5. Берлин, Германија

6. Софија, Бугарија

7. Рига, Летонија

8. Букурешт, Романија

9. Лондон, Англија

10. Мадрид, Шпанија