Гвардиола неодамна шокираше со својот изглед! Неговиот пријател откри што се случило

Точка

24/12/2024

14:48

1.038

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола го доживува најтешкиот период од својата блескава тренерска кариера. Резултатската криза навлезе во неговата работа и во Манчестер Сити, кој не изгледа ни приближно доминантен во споредба со годините во кои ги навикна своите навивачи на успех. Повеќе од лошата серија загрижуваат изгледот и однесувањето на каталонскиот тренер.

Откако за првпат во својата тренерска кариера загуби пет натпревари во низа, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. Сити водеше со 3:0 до 75. минута и одигра 3:3, по што Гвардиола се појави пред камерите и микрофоните со крвава расекотина на носот и модринки на главата.


Ги загрижи навивачите

Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случило со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските фанови. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ дека Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му треба одмор.

Особено беше анализирана неговата реченица „Сакам да си наштетам…“. Поради неа, тој подоцна се извини и изрази жалење што кажал такво нешто бидејќи е свесен колку сериозен проблем е тоа.

Што навистина се случило и од каде крвавите траги на главата на Гвардиола откри новинарот и неговиот близок пријател и биограф Гилем Балагу. На сè му претходело разговор со подигнати тонови со Кајл Вокер.


Балагу: Се гребе цело време

„Не ме прашувајте зошто, но тој многу се гребе. Тоа го прави кога е нервозен. Обично ништо не се случува, но тогаш имаше премногу остар нокт. Сетете се дека го започна натпреварот со фластер на носот. Тоа беше затоа што имаше дискусија, фудбалска дискусија, за позиционирање на теренот, со Вокер. По натпреварот, тој влезе во соблекувалната и си ја чешаше главата“, рече Балагу.

„Неговата десна рака му испрати фотографија и го праша што е со неговата глава откако го виде на пресот. Можеше да се видат трагите. Тој отиде да погледне во соблекувалната и тие траги ги немаше. Немаше ништо. Тоа укажува на тоа дека тој често се сомнева во себе, јас би рекол дека му треба одредена поддршка.