За првпат во историјата на Премиер лигата еден играч стигна со двоцифрен број на голови и асистенции пред Божиќ, а ваквиот учинок на Мохамед Салах уште еднаш потврдува дека тој е убедливо најдобар играч на Ливерпул.
Во период кога клубот се уште го нема разрешено прашањето околу неговата иднина, Салах максимално се фоксуира на случувањата на теренот и презентира неверојатна константност од натпревар во натпревар, а учинокот од 15 голови и 11 асистенции е најдобар доказ за тоа.
Салах игра во врвна форма на 32 години и не изгледа како фудбалер кој брзо ќе забележи пад, нешто зад што се крие и напорната работа надвор од терените.
It’s Christmas Eve but Salah is in the gym ready to take down the rest of the Premier League 😭 pic.twitter.com/NiZ4tOjNIL
— Braden 🇳🇱 (@Braden_LFC) December 24, 2024
Мо вечерва за време сподели фотографија на социјалните мрежи и откри што прави за време на Бадниковата ноќ, па со објавата од теретана ги воодушеви навивачите на Ливерпул.
„Црвените“ играат неверојатен фудбал под водство на Арне Слот и се први во Премиер лигата и Лигата на шампиони, а јасно е дека најдобар подарок за навивачите за 2025-та година ќе биде да се обезбеди потписот на најдобриот голгетер.