Црвена Звезда го одбрани домашниот терен и му се реваншираше на Партизан за поразот во Евролигата, но новото вечно дерби повторно донесе и многу тензија и доста контроверзи во самата завршница.
Судиите со неколку одлуки се најдоа во центарот на вниманието во последните 60 секунди, а Комисијата за судење во АБА лигата сега направи оценка за арбитрите и посочи дека се направени две круцијални грешки на штета на гостите.
Комисијата во две реченици потенцира дека Партизан бил сериозно оштетен во последната минута од натпреварот кој се одигра во Арена, а со тоа јасно е дека имаат и директно влијание врз конечниот резултат кој гласеше 89:84.
– На 59 секунди пред крајот на четвртата четвртина, судиите направија погрешен проценка при изведен аут од страна на кошаркарот на Партизан, Стерлинг Браун. Беа досудени истечени 5 секунди, иако тоа не беше случај.
– На 45 секунди пред крајот на последната четвртина, судиите донесоа погрешна одлука такашто не досудија чекори од играчот на Црвена Звезда, Џоел Боломбој, – се вели во дел соопштението на Комисијата.