Филаделфија го победи Сан Антонио со 111:106 на домашен терен, но конечниот резултат остана во сенка на она што се случи во втората четвртина.
Џоел Ембид при еден пробив во рекетот се заби директно во Вембенјама, а судијата Џена Шредер процени дека станува збор за фаул во напад.
Ваквата одлука на судијката во прв момент никој не мислеше дека ќе направи драма каква што следеше, бидејќи погрешната проценка до толку го разлути Џоел, што ѕвездата на „сиксерси“ го доби само второто исклучување во кариерата.
Joel Embiid was FURIOUS after picking up an offensive foul on Wemby 😳
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 24, 2024
Embiid was hit with two techs and was ejected 😬 pic.twitter.com/9rVIGazig1
Поради жестоки протести и фактот што во неколку наврати и се нафрли на судијата, Ембид доби две технички грешки едноподруго и беше исклучен, па така Џоел стана топ тема во американската спортска јавност.
Експертите и фановите во Америка се шокирани од однесувањето на Ембид кон судијката, но од целата оваа приказна, мора да се напомене дека и самата Џена презема дел од вината.
Шредер во дел од натпреварот му пријде на тренерот Ник Нурс и му призна деак „зае.ала работа“, па со тоа јасно прифати дел од вината за случувањата на теренот.