Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума нема по добро да го паменти дербито на францускиот шампионат против Монако.
Италијанецот мораше да ја напушти играта во 22. минута откако доживеа страшен удар во лицето од Вилфредо Синго, кој му ги заби копачките во лице.
Донарума заврши со конци, а фотографиите кои се појавија се застрашувачки. Интересно Синго кој претходно имаше жолт картон, не доби уште еден, а судијата не доби ноту сигнал од ВАР собата за да ја прегледа целата ситуација и да го исклучи фудбалерот на Монако.
Донарума се здоби со расекотина од неколку сантиметри под десното око.
Дербито во Монте Карло им припадна на фудбалерите на ПСЖ (2:4).