Нова осомничена во случајот со уцена на Михаел Шумахер: Ја изиграла довербата на семејството и тајно го снимила

Точка

18/12/2024

20:59

3.208

Големина на фонт

а а а

Продолжува истрагата за уцена врз семејството на Михаел Шумахер. Обвинителството од Вупертал го истражува овој случај, а на листата на осомничени ја стави и медицинска сестра која беше задолжена да се грижи за седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Германските власти летово уапсија тројца мажи Маркус Ф., Даниел Л. и Јилмаз Т. под обвинение за изнуда од 15 милиони евра, а последната личност која се појави во овој случај е медицинска сестра.



Оваа медицинска сестра која му била на услуга на семејството на Шумахер ја изневерила довербата која ѝ била укажана и сега се трага по неа.

Таа првично требаше да сведочи на првото рочиште, но не се појави и сега стана осомничена за делото, откако еден од обвинетите посочи дека медицинската сестра им помагала да добијат информации, фотографии и видеа со кои ќе го уценуваат семејството на Шумахер.

😱🏁 Sigue la polémica alrededor del estado actual de la leyenda de Fórmula 1 y aparece una nueva sospechosa

Posted by MARCA on Wednesday, December 18, 2024

На почетокот од судењето, наводниот главен сторител признал дека од неа добил два хард-дискови со фотографии и видеоматеријал од Шумахер, а 15-те милиони евра требало да бидат поделени на три дела.

Поради ова се појави сомнеж дека и таа била соучесник, но и еден од вработените кој работи за Шумахер посочил дека се посомневале во медицинската сестра уште од првиот момент кога почнала уцената.


Според јавното обвинителство, одземени се 900 фотографии и речиси 600 видеоснимки од семејството, како и дигитализирана медицинска документација на Михаел Шумахер.

Судскиот процес треба да продолжи следниот понеделник, а донесувањето на пресудата не се очекува да се случи до новата година.