Поранешниот параолимпиец Оскар Писториус има нова девојка, пишува Дејли Мејл.
Тој беше пуштен на условна слобода од јужноафрикански затвор на почетокот на годината, речиси 11 години по убиството на неговата девојка Рива Стинкамп. Тој ја застрелал повеќе пати низ вратата од бањата во 2013 година, а подоцна тврдеше дека мислел дека е провалник.
Странските медиуми пишуваат дека семејството на Рива Стинкамп е загрижено и дека испратиле предупредување до новата девојка на Оскар, Рита Грејлинг.
„Не разбирам. Тој е сè уште насилен“, изјави мајката на Рива за странските медиуми, а нејзината сестра Симон рече: „Дали е таа луда?“ и истакна дека ја предупредила „да спие со едно отворено око“.
„Она што ме шокираше најмногу е колку таа личи на Рива. Имаат иста градба, исто лице, коса, дури и очи. Дали е толку болен што сака да најде некоја како неа? Се прашувам дали сакаше да ја замени Рива со некоја друга, откако ја уби? Се прашувам како може една жена да ги затвори очите и да спие со маж за кој знае дека испукал четири куршуми во жената за која велеше дека ја сака? Толку сум шокирана“, додаде таа.
Rita Greyling, 33, a business management consultant from Wakkerstroom in Mpumulanga. The new girlfriend of Oscar Pistorius.
— LesetjaMO (@MoLesetja) December 16, 2024
She is brave. Valentine is 7 weeks away. pic.twitter.com/zaFu5bAVfO
Рива Стинкамп, која имаше 29 години кога беше убиена, беше дипломиран правник и успешна манекенка, која работеше и како ТВ презентер и се појави во реално шоу.
По дипломирањето, таа планирала да основа адвокатска канцеларија за помош на злоупотребени жени. Стинкамп била во врска со Писториус три месеци кога тој испукал четири куршуми од пиштол низ вратата од тоалетот на нејзиниот дом во Преторија во раните утрински часови на 14 февруари 2013 година.