[ФОТО] Ова е новата сопруга на Дејан Станковиќ! Се венчаа во тајност, чекаат дете! Убавата Анита е 8 години помлада од него!

Точка

19/12/2024

23:02

4.564

Големина на фонт

а а а

Српските медиуми откриваат како изгледа новата сопруга на поранешен фудбалер.

Поранешниот фудбалер Дејан Станковиќ пред две недели во Белград тајно се ожени со новинарка од Словенија.

Како што пренесуваат медиумите, во прашање е новинарката Анита Бојаниќ, а Курир открива како таа изгледа.


Убавата Анита со која Дејан чека дете е осум години помлада од него. Таа израснала во главниот град на Словенија, каде што завршила училиште, но и високото образование го завршила на тамошниот универзитет. Има богата работна кариера, а како што наведува моментално работи во компанија за видеопродукција која работи и во Србија.

Дејан ја организирал свадбената церемонија во строга тајност во популарен, но многу изолиран ресторан во Белград. Од сите гости било побарано да не шират информации и да не објавуваат видеа, на што сите се придржувале, објави "Телеграф.рс".


Да потсетиме, Дејан по разводот влезе во емотивна врска со новинарка од Словенија, со која чека дете. Медиумите ја повторија веста дека Станковиќ по 23 години брак се развел од Ана со која има три деца – синовите Стефан, Филип и Александар.

Станковиќ приватниот живот го чува во сопствените четири ѕида, но претходно отворено за медиумите зборуваше за Ана, во која се заљубил на 19 години и која, како што истакна, ја смета за најдобар потег во неговата животот.