За многумина беше изненадување што Клаудио Раниери се повлече од фудбалот во средината на ноември и по трет пат во кариерата ја презеде Рома, но со оглед на тоа што веќе е во осмата деценија од животот, јасно е дека неговиот престој на „Олимпико„ нема да трае вечно.
Затоа тој веќе има план кој би можел да го наследи следното лето, а прва мета без сомнение е неговиот сонародник Карло Анчелоти, кој според се, на крајот од сезоната ќе го заврши вториот мандат во кралскиот клуб.
Се почесто се шпекулира дека трофејниот Италијанец е при крај на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи името на Чави Алонсо се повеќе се сфаќа како наследник на Карло.
Во таков расплет на ситуацијата, логично би било враќањето на Анчелоти во Италија, а не треба однапред да се отфрли неговото доаѓање во клубот за кој настапуваше осум сезони.
Сето ова има смисла ако се знае дека Раниери и по завршувањето на сезоната ќе остане во Рома.
Главна пречка треба да биде Фудбалскиот сојуз на Бразил, кој долго време го сака Анчелоти за тренер на петкратниот светски шампион, па јасно е дека Рома има предизвик да го убеди Италијанецот да се врати во татковината по пет и пол години.