[ВИДЕО] Маж истрча на бината на концерт на Северина, обезбедувањето реагираше

Макфакс

10/03/2025

06:57

4.093

Големина на фонт

а а а

Снимка од концертот на Северина во Карловац, направена во моментот кога маж истрча на сцената и почна да танцува со неа, стана вирална на „Тик Ток“.

Обезбедувањето веднаш реагирало и се обидело да го тргне од бината, но Северина ги спречила. „Пуштете го, тој е одличен“, рече таа во микрофонот.

Мажот продолжи да танцува со неа, на воодушевување на публиката. Набрзо беше откриено дека се работи за Лео Павлачиќ, познат на пошироката јавност по тоа што се натпреваруваше во шоуто X Factor во 2015 година.

Watch on TikTok