Жизел Бундшен неодамна го роди третото дете, а веста за нејзиното породување долго време беше главна тема во медиумите.
Славната манекенка Жизел Бундшен (44) неодамна стана мајка по третпат. Заедно со својот партнер Хоаким Валенте доби син.
Манекенката се најде во центарот на вниманието на јавноста и откако се дозна дека на својот син му го дала средното име Ривер, многумина ја осудија за овој тренд.
Сепак, овој пат е во центарот на вниманието од сосема други причини. Жизел сега е првпат видена во јавноста и папараците успеале да ја фотографираат откако го родила третото дете, пренесува „Дејли мејл“.
Таа заедно со своите деца го поминувала времето надвор, облечена во едноделен костим за капење со гол грб, додека околу половината врзала лелеава марама, па сите веднаш ја забележале нејзината фигура. Манекенката изгледала како да не се породила пред само еден месец.
Инаку, поранешните сопружници, спортската ѕвезда Том Брејди и Жизел, останаа во пријателски односи, а се шпекулира дека Брејди ја обновил врската со рускиот супермодел Ирина Шајк, која претходно беше во врска со актерот Бредли Купер, со кого ја доби ќерката Леа. Жизел и Том добија две деца во бракот.
За потсетување, Жизел и тренерот на џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година, само една година по нејзиниот развод со Том Брејди.
„Жизел и Хоаким беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сè во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека поминуваше низ разводот. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод. Таа се разведе од Брејди во 2022 година по 13 години брак. По веста дека таа се породила, извори блиски до Брејди изјавиле дека тој на поранешната сопруга ѝ посакал сѐ најдобро и се радувал на новото бебе. Тој наводно дури и ѝ се јавил за да ѝ честита“, рекол извор.