Алесандра Амбросио пристигнала на ревијата на Баленсијага во невообичаено модно издание кое привлече бројни погледи.
43-годишната бразилска манекенка се појавила на ревијата во рамки на модната недела во Париз во џемпер и чипкаста долна облека со халтери, но подоцна се покажало дека се работи за пантолони кои имитираат долна облека.
Манекенката го комплетирала својот аутфит со црна чанта Баленсијага, а ревијата ја следеше од првиот ред покрај американската актерка Џесика Алба. Оваа модна комбинација на Амбросио предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Додека едни ја пофалија смелата комбинација, други се пошегуваа на нејзина сметка.
„Можеби ги заборавила панталоните“
„Икона“, „Таа изгледа фантастично“, „Што по ѓаволите носи таа?“, „Дали е ова најновиот моден тренд, да ги заборавиш пантолоните?“, „Чуден избор“, „Можеби ги заборавила пантолоните, некој треба да ѝ каже“, „Најгрдата облека што некогаш сум ја видела на манекенка“, беа само дел од коментарите.