Легендарниот поранешен тенисер Андре Агаси на Инстаграм објави ретки фотографии од неговата сопруга Штефи Граф, а по повод Денот на жената ѝ посвети трогателни зборови.
„Среќен Меѓународен ден на жената на најсилната жена која ја познавам“, напиша Агаси. Поранешниот тенисер објави и една фотографија со нивните деца, синот Џејден Гил и ќерката Џез Ел.
Бројни реакции на обожавателите
„Најубавата приказна во историјата на спортот“, „Обожувам да гледам како ѝ оддаваш почит“, „Прекрасни фотографии“, „Изгледате одлично како и секогаш“, „И двајцата изгледаат неверојатно по сите овие години. Штефи изгледа како да не остарела“, „Првото семејство на тенискиот свет“, „Две легенди“, беа само дел од коментарите.
Потсетуваме Агаси и Граф се сретнале во 1999 година на Ролан Гарос, каде што и двајцата освоија титули. Набргу по овој турнир, меѓу нив се родила љубов и се венчаа во 2001 година на интимна церемонија во Лас Вегас.
И двајцата се повлекоа од светот на тенисот
Неколку дена по нивната венчавка тие станаа родители на синот Џејден Гил, а две години подоцна се роди нивната ќерка Џез Ел. Двајцата се повлекоа од професионалниот тенис (Граф во 1999 година, Агаси во 2006 година) и моментално живеат во Лас Вегас.
Инаку Агаси има фондација за образование на деца од посиромашни средини, а Штефи е вклучена во добротворна работа преку нејзината фондација „Children for Tomorrow“, која им помага на децата погодени од војна и трауми.