Сајмон Фишер-Бекер, познатиот британски актер, почина на 63-годишна возраст.
Тажната вест ја соопшти неговата агентка Ким Бери, која истакна дека Сајмон бил многу повеќе од клиент – тој бил нејзин близок пријател. Актерот стекна голем број на обожаватели ширум светот благодарение на неговите улоги во култните телевизиски серии и филмови, а најпознат е по улогите во серијата „Doctor Who“ и филмот „Хари Потер и каменот на мудроста“.
Фишер-Бекер го играше ликот на Дориум Малдовар во серијата „Doctor Who“, кој го толкуваше во текот на петтата и шестата сезона. Покрај тоа, многумина го паметат како духот на Дебелиот фратар во „Хари Потер и каменот на мудроста“ (2001).
Познат по својата топлина и дарежливост, тој често беше на конвенции, каде што се поврзуваше со обожавателите и споделуваше приказни. Јавен мотивациски говорник и автор, тој напишал и трилогија мемоари „Мојот Далек има пункција“, „Мојот Далек има уште една пункција“ и „Нека зигоните се зигони“.
Неговата агентка Ким Бери сподели емотивна порака во која се присети на моментите со актерот.
„Денеска загубив не само клиент туку и близок пријател со кој делев 15 години. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го известив дека добил улогата на Дориум во „Doctor Who“. Сајмон беше талентиран писател, одличен говорник и многу љубезен човек. Тој секогаш беше тука да помогне и беше искрено заинтересиран за сите околу него“, рече Бери.
Инаку и сопругот на Сајмон, Ентони Дагдејл, ја сподели тажната вест преку Фејсбук, потврдувајќи дека Сајмон починал вчера.
Hello everyone. This is Tony, Simon's husband .
I have some very sad news. At 2:50 this afternoon Simon passed...
Posted by Simon Fisher-Becker on Sunday, March 9, 2025
„Здраво на сите. Ова е Тони, сопругот на Сајмон. За жал, имам многу тажна вест. Сајмон почина во 14 часот и 50 минути. Ќе го одржувам неговиот профил уште некое време, но не сум сигурен дали повторно ќе објавувам. Ви благодарам“, напиша Дугдејл.